Природниот гас продолжува да тече нормално од Русија во Европа, со оглед на тоа дека обемот на гас што се испумпува преку гасоводот Северен тек 1 само малку флуктуира во последните денови, јави ДПА.
Според прегледот објавен денеска од швајцарската оперативна компанија Nord Stream AG, од почетокот на годината секој ден во германската дистрибутивна мрежа се влеваат меѓу 1,63 милијарди и 1,76 милијарди киловат часови природен гас.
Руската државна компанија Газпром е одговорен добавувач и поседува 51 отсто од акциите на Норд стрим АГ. Вклучени се и енергетските компании Wintershall Dea, Eon, Gasunie и Engie.
Загриженоста за испораките на гас во Европа е голема по санкциите воведени кон Москва по рускиот напад врз Украина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.