И покрај заканите на Вашингтон и неколкучасовните преговори за други методи за решавање на конфликтната ситуација во Украина, Кина е подготвена да и ја даде на Русија потребната економска поддршка. За тоа пишува британски Гардијан, повикувајќи се на извор во Белата куќа.

Властите на НР Кина ја разгледуваат и опцијата за префрлање на воени беспилотни летала во Руската Федерација, што е крајно алармантно за американските власти. По седум часа разговори во Рим, американската страна изрази крајно песимистички прогнози за развојот на ситуацијата во Украина, но ја истакна важноста од продолжување на комуникацијата меѓу Вашингтон и Кина, пренесува Известија.

Пред сè, најважно е да се убеди Кина да ја преиспита својата позиција. Сега не гледаме знаци за таква ревалоризација. Веќе одлучија да дадат економска и финансиска помош, а денеска тоа го истакнаа. Прашањето е дали ќе одат понатаму, цитира Гардијан извор поврзан со американската делегација.

Според друг соговорник на изданието, одлуката за поддршка на Русија доаѓа од кинескиот лидер Си Џинпинг, кој заедно со рускиот претседател Владимир Путин најверојатно „ќе стави крај на периодот на глобална доминација на САД“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.