Непознат маж фрли неколку огнени бомби врз седиштето на јапонската владејачка партија и премиерот Шигеру Ишиба во Токио.

Засега не се знае дали има повредени.

Мажот, кој бил уапсен на лице место, со својот автомобил влетал во блиската ограда. Неговиот мотив за нападот не е познат бидејќи полицијата во Токио одби да го коментира инцидентот, велејќи дека предметот е под истрага, а партијата исто така одби да даде изјава.

Владејачката Либерално-демократска партија е сè понепопуларна во јавноста поради финансиските скандали и сомнежите за затајување данок.

Партијата неодамна избра нов лидер, премиерот Шигеру Ишиба, со надеж дека ќе промовира нов имиџ. Сепак, анкетите покажуваат дека неговата популарност се намалува, иако сè уште е нејасно дали тој ќе го загуби мнозинството во Долниот дом на претстојните избори на 27 октомври, со оглед на разбиената опозиција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.