Францускиот Сенат гласаше за зголемување на старосната граница за пензионирање за две години на 64 години, додека владата се обидува да го промени пензискиот систем во земјата каде се соочени со силно противење од синдикатите.

Мерката беше одобрена со 201 глас „за„ и 115 „против“. Дебатата ќе продолжи подоцна во текот на денов за контроверзниот амандман на законот.

Мнозинството во Сенатот брза да го исполни рокот до недела на полноќ за да го финализира законот.

Либералните политичари изразија гнев по гласањето.

„Вашето име засекогаш ќе биде прикачено на реформата што ќе го врати часовникот речиси 40 години назад“, му рече социјалистката Моник Лубин на министерот за труд Оливие Дусопт.

Работничките синдикати ветија дека ќе вршат притисок врз владата преку организирање протести и штрајкови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.