Француските сопственици на големи маркети се согласија да застанат на страна на потрошувачите. На предлог на владата склучија договор за ограничување на многу цени на прехрамбените производи. Целта е да се олеснат инфлаторните притисоци за потрошувачите.
Малопродажните трговци ќе ги намалат цените но оставено е на нив да ги изберат брендовите кои ќе се продаваат поефтино, бидејќи како што им било кажано во министерството за финансии – треба да има слободна трговија.
Ова ќе ги претвори месеците од април до јуни во „квартал против инфлација“, која од февруари е зголемена за 14 ипол проценти, смета министерот, кој додава дека загубите кои ќе ги пртрпат трговците се пресметуваат во стотици милиони евра, кои пак самите се согласиле да ги поднесат. Повеќето големи продавачи на храна во Франција учествуваа во разговорите.
Сепак, некои здруженија на потрошувачи, се скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.За да се осигураат дека трговците на мало не ги притиснале своите добавувачи за да го надополнат недостигот од приход, инспекторите ќе бидат на терен секојдневно. избраните производи кои ќе бидат со намалени цени, ќе се означени со логото „анти-инфлациски квартал“ со боите на француското знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.