Во 2022 година Франција примила 547.102 бегалци, соопшти Француската служба за заштита на бегалците и лицата без државјанство.

Веќе петта година по ред, авганистанските државјани се најбројните баратели на азил во Франција, со 17.000 од вкупно поднесените 131.000 барања: тренд што дополнително се интензивираше по враќањето на талибанците на власт во летото 2021 година (37 проценти зголемување во однос на 2021 година).

Презентираните бројки би можеле вртоглаво да се зголемат со избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, која го генерира најголемиот бран бегалци во Европа од Втората светска војна.

Украинците се под специфичен режим наречен „привремена заштита“, односно украинските државјани кои пристигнуваат во Франција додека аплицираат за азил, имаат право на престој и пакет социјални бенефиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.