Во февруари Франција ја престигна Унгарија и стана главен купувач на руски гас меѓу европските земји, според извештајот заснован на податоците од европската статистика.
Во февруари Франција купи течен природен гас (ЛНГ) од Русија во вредност од 322,3 милиони евра, што е за 10 отсто повеќе од претходниот месец. Тоа купување го направи главен увозник на руски гас во ЕУ, што последен пат се случи во ноември 2023 година.
Второто место во увозот на руски гас го зазема Шпанија па Грција, а потоа следат новите членки на НАТО, Финска и Шведска, кои ги удвоиле набавките на 6,6 и 4,7 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.