Според ексклузивни материјали од проверени дипломатски и воени извори до кои дошол магазинот „Калибар“, на Ерменија во последните неколку недели и биле доставени современи француски самоодни артилериски држачи „Цезар 155 мм“ и нивните компоненти, како и противтенковски ракетни системи и ракети воздух-воздух.
Според пишувањето, Азербејџан знае и дека, паралелно со пренесувањето на француското оружје по воздушен пат, иранското пристаниште Бандар Абас добива воен товар од Индија, којшто исто така наменет за понатамошен транспорт до Ерменија. Како што пишува магазинот, достојно за внимание е тоа што и француското и индиското оружје доставено до Ерменија делумно се официјално декларирани, а делумно се транспортирани под декларација за цивилна стока.
По детална проверка, извори од азербејџанската страна ја потврдија сензационалната информација дека Иран и Ерменија потпишале таен договор за оружје вреден 500 милиони долари“, пренесува порталот.
Во пишувањето се забележува дека и покрај негирањето на договорот Иран-Ерменија, проверката на фактите и изворите покажуваат поинаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.