Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон изјави дека самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, „нема да се случи пред четврток“.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска треба телефонски да разговара со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, а в четврток со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Бон ги опиша овие состаноци како „подготвителни“ за самитот меѓу двајцата претседатели.
Ќе ја видиме ситуацијата по тие дискусии – истакна францускиот министер.
Според Бон, по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон, Путин и Бајден начелно се согласиле на билатерална средба на која ќе разговараат за тензиите околу Украина.
Дипломатската надеж е обновена од Макрон – нагласи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.