Француското Министерство за здравство подоцна денеска ќе објави дека во земјата се регистрирани над 350.000 случаи на инфекција со Ковид-19 во изминатите 24 часа, изјави министерот за здравство Оливие Веран пред француските парламентарци.
Досега најголем број случаи се забележани на 5 јануари, кога во Франција се потврдени 332.252 случаи.
Оттогаш, повеќе од 300.000 случаи дневно се потврдени двапати во Франција, во време кога позаразната варијанта омикрон стана доминантна.
– Уште 350.000 нови случаи ќе бидат потврдени во вечерните часови, дури и малку повеќе од тоа. Не сме виделе такви бројки од почетокот на здравствената криза, им се обрати Веран на сенаторите.
Француската Влада сака да спречи невакцинираните лица да посетуваат ресторани и настани во затворени простории од средината на јануари, што во моментов е можно со доказ за прележан коронавирус или негативен тест.
Повеќе од 77 отсто од Французите примиле најмалку две дози од вакцините против Ковид-19, додека над 92 отсто од оние на возраст над 12 години се имунизирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.