Франција протера шестмина руски агенти осомничени дека работеле како шпиони „под дипломатско прикривање“ во земјата, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи објавено денеска.
„По долга истрага, Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) во неделата, на 10 април, откри тајна операција извршена од руските разузнавачки служби на наша територија“, се вели во соопштението, додавајќи дека активностите на шесте Русите, кои сега се означени како „персона нон грата“, беа „спротивни на нашите национални интереси“.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во твит им честита на француските безбедносни агенти кои „попречија мрежа на руски тајни агенти кои работат против нашите интереси“.
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека во отсуство на рускиот амбасадор, „бројот два во амбасадата вечерва бил повикан во министерството за да биде информиран за оваа одлука“, објави Си-Ен-Ен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.