Францускиот претседател Емануел Макрон повика на продолжен прекин на огнот во украинскиот град Мариупол за да се овозможи хуманитарна помош да стигне до жителите кои имаат потреба. Рускиот повеќечасовен прекин на огнот денеска не беше доволно време да им се дозволи на заробените жители да излезат и да дојде помошта, соопшти неговиот кабинет.

Франција инсистираше да се почитува меѓународното хуманитарно право и да се гарантира безбедноста на меѓународните организации.

Украинската влада испрати денеска 45 автобуси во Мариупол за да ги извлечат луѓето. Успехот на мисијата се уште не е јасен, јави ДПА.

Според украинските власти, повеќе од 100.000 жители се уште се во тешко уништениот град. Пред војната, таму живееле речиси 440.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.