Портпаролот на француската влада, Габриел Атал, изјави дека Франција се уште не може да потврди дали Русија повлекува дел од војниците од границата со Украина, но ако информациите се точни, тоа би бил „позитивен знак“.

Ако се потврди, тоа е добра работа. Ова покажува дека можеме да го продолжиме дијалогот, дека патот на дипломатијата е пат по кој можеме да се движиме понатаму – изјави Атал.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека некои војници во воените области на земјата во непосредна близина на Украина се враќаат во своите бази откако ги завршиле вежбите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.