Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти предупредуваат на зголемен број на инфекции со корона вирус во Источна Европа.

Во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, бројот на новозаразени е двојно зголемен во изминатите две недели.

Во регионот од 53 земји, што се протега од поранешните советски републики до Централна Азија, регистрирани се повеќе од 165 милиони случаи на инфекција и 1,8 милиони смртни случаи, вклучително и 25.000 само во изминатата недела.

СЗО апелира да се подобри стапката на вакцинација, која е помала во Источна Европа во споредба со остатокот од континентот.

Помалку од 40 отсто од луѓето постари од 60 години во Бугарија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Украина и Узбекистан се целосно вакцинирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.