Француското Министерство за Европа и надворешни работи „силно им препорача“ на своите државјани во Русија да ја напуштат земјата „без одлагање“, по одлуката на Европската унија да им забрани на руските и белоруските авиокомпании од европскиот воздушен простор.

Претходно, Стејт департментот соопшти дека граѓаните на САД треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија со комерцијални летови.

Министерството на Франција соопшти дека „повеќето европски авиокомпании, вклучително и Ер Франс“ ги суспендираа линиите кон и над Русија почнувајќи од денеска навечер поради затворањето на нејзиниот воздушен простор на ЕУ за руските авиони и авиокомпании.

Поради зголемените ограничувања, француското Министерство за надворешни работи препорача Французите „кои минуваат низ Русија (туристи, посетители, студенти, професионалци на работни патувања) да направат аранжмани да ја напуштат земјата без одлагање преку постоечките воздушни врски“.„Исто така, препорачливо е да се одложи секое патување во Русија“.

Граѓаните на САД треба веднаш да размислат за заминување од Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни, се вели во безбедносното предупредување од 27 февруари на веб-страницата на американската амбасада во Москва.

Тие бараат од граѓаните на САД да имаат „план за вонредни ситуации што не се потпира на помошта од американската влада“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.