Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Украина постигнала „забележителен напредок“ кон приемот во Европската унија, неколку дена пред клучниот извештај за апликацијата за членство на Киев.
Таа истакна дека Украина постигнала напредок на повеќе полиња, и покрај војната со Русија, особено потенцирајќи ги судските реформи во Киев, на заедничката конференција со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Постигнавте извонреден напредок. Знам дека сте во процес на спроведување големи реформи. Уверена сум дека Украина може да ја постигне својата амбициозна цел да премине во следната фаза на пристапување“, рече Фон дер Лејен, пренесе Гардијан.
Оценката на ЕУ е закажана за в среда и се очекува да каже до каде напредувала Украина по бројни економски, правни и други критериуми за да се отвори патот за пристапни преговори со европскиот блок во декември.
ЕУ веќе испрати 83 милијарди долари во украинската војна против Русија и планира да испрати уште три милиони евра до крајот на војната, додаде Фон дер Лајен.
Зеленски одговори дека украинската влада веќе ги спроведе сите чекори неопходни за исполнување на условите, ветувајќи дека ќе продолжи со реформите.
Тој особено ги нагласи напорите за борба против корупцијата, зголемување на транспарентноста и намалување на влијанието на олигарсите врз економијата.
Украинската апликација доби уште еден плус во четвртокот, кога германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека е уверена оти ЕУ следниот месец ќе ја „подобри“ украинската апликација, пишува лондонскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.