Високи политичари и бизнисмени во Минхен пиеја „против Путин“ на забава наречена „Ноќ на слободата“.

Како што пренесува „Билд“, гостите неформално разговарале за поддршката на Украина и заедничката безбедносна политика. Неофицијалното мото на вечерта било „Прост геген Путин!“ („Ајде да пиеме против Путин!“).

Меѓу присутните на забавата биле и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чешкиот претседател Петр Павел, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, неговиот брат Владимир и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.