Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре во Киев ќе разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти портпаролот на украинскиот претседател, Сергеј Никифоров.

Зборувајќи за националната телевизија, Никифоров рече дека од безбедносни причини не може да ги објави деталите за разговорот.

Портпаролот на ЕУ во вторникот изјави дека оваа недела во Киев ќе отпатува и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, потсетува „Ројтерс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.