Европската Унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија, како одговор на нападот на Москва врз Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Работиме напорно на тоа да ја удриме Русија онаму каде што ја боли, за дополнително да ја намалиме нејзината способност да води војна против Украина и денес можам да објавам дека работиме со полна пареа на деветтиот пакет санкции – рече Фон дер Лајен за време на посетата на Финска.
Таа изрази уверување дека многу брзо ќе биде одобрено глобалното ограничување на цената на руската нафта со Г7 и другите големи партнери.
Нема да се смириме додека Украина не ја однесе победата над Путин во неговата варварска војна – рече претседателката на ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.