Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) денеска соопшти дека спречила терористички напад на украинските специјалци на Јужниот гасен коридор (Турски поток), а приведени се државјани на Руската Федерација кои учествувале во подготовка на тероризам.

Центарот за односи со јавноста на ФСБ во Русија ја откри оваа информација за агенцијата ТАСС.

„ФСБ спречи обид на украинските специјални сили да извршат саботажа и терористички акт на Јужниот гасен коридор, преку кој се испраќа гас за Турција и Европа“, соопшти Центарот на ФСБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.