Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ја заврши продажбата на својот имот во Русија.
Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се наведува во соопштението на компанијата.
Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.
Руски медиуми претходно соопштија дека „Фолксваген“ добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија „Авилон“.
Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.