Тригодишно дете и двајца возрасни се убиени во станбен комплекс на Флорида по расправија околу продажба на куче, соопшти локалната полиција.

Помошникот началник на канцеларијата на шерифот во Џексонвил, Џ.Д. Стронко информира дека пет лица, меѓу кои и едно дете, околу 22 часот во саботата отишле во луксузен станбен комплекс за да договорат купопродажба на куче со непознати лица.

Меѓу нив настанала расправија, по што дошло до пукање, изјави Стронко. Три лица загинаа, а третиот возрасен од групата е ранет. Сведоците изјавиле пред полицајците дека двајца мажи побегнале со автомобил.

Стронко рече дека двајцата возрасни убиени и еден ранет се на возраст од 20 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.