Финската компанија за електрична енергија „Карху Воима“ денеска соопшти дека поднела барање за стечај поради големото поскапување на струјата, со што нивниот бизнис е нерентабилен.

Компанијата наведе дека пред оваа одлука разгледувале различни опции за подобрување на состојбите, меѓу кои и спојување со матичната компанија „КШ Енерџи“, но дека и таквиот потег нема да биде доволен за да се избегне банкрот.

Со оглед на зголемувањето на цените на енергијата за претстојната зима, условите за продолжување на бизнисот не се можни. Поднесувањето барање за стечај беше неизбежно, рече извршниот директор Оли-Пека Рантала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.