Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека пандемијата на коронавирус во Соединетите држави е завршена, иако земјата се’ уште се бори со заразата која убива стотици Американци секој ден.

„Пандемијата е завршена“, рече Бајден во интервју за CBS, каде што беше гостин на саемот за автомобили во Детроит – настан кој собира илјадници посетители.

„Сè уште имаме проблем со Ковид-19. Имаме уште многу работа, но пандемијата е завршена. Ако забележите, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.

Влијанието на пандемијата на коронавирус значително се намали од почетокот на мандатот на Бајден, кога повеќе од 3.000 Американци умираа дневно, бидејќи грижата се подобри и лековите и вакцините станаа подостапни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.