Финската влада сака да им забрани на Русите да купуваат недвижен имот во Финска, изјави министерот за одбрана на оваа нордиска земја, Анти Хаканен.
Денеска, на консултациите поднесуваме предлог со цел да се забранат трансакции со имот со руско потекло, рече Хаканен на прес-конференција.
Ќе има исклучоци, додаде Хаканен, и рече дека двојните државјани и Русите со постојан престој во Финска сепак ќе можe да купат недвижен имот во оваа нордиска земја.
Финска, која стана членка на НАТО во 2023 година, ги затвори копнените граници со Русија на крајот на минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.