Финските власти соопштија дека „значително ќе го ограничат влезот на руски државјани“, на границата со Русија, откако бројот на премини од руска страна кон Финска нагло се зглолеми по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна воена мобилизација.
Наведувајќи ја „сериозната штета на меѓународната положба на Финска“, Комитетот на министри за надворешна и безбедносна политика, исто така, заклучи дека новите визи ќе бидат ограничени, се вели во соопштението на финската влада.
Бројот на Руси кои влегуваат во Финска е двојно зголемен, откако Москва најави мобилизација за војната во Украина, изјави портпаролот на граничната агенција за новинската агенција „АФП“.
Во четвртокот, финската премиерка Сана Марин рече дека „туристичките патувања на Русите мора да се запрат, вклучително и транзитот низ Финска“.
Финска побара одлука од Европската унија (ЕУ) за ограничување на визите за Русите, но финскиот министер за надворешни работи во средата рече дека „не може да се гарантира дека тоа ќе се реализира брзо“.
Балтичките држави Летонија, Естонија и Литванија, кои се граничат со Русија, веќе ги заострија сопствените визни правила, оставајќи ја Финска како последен сосед на Русија во ЕУ каде што можат да поминат оние со шенген визи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.