Приемот на Финска во НАТО се случи исклучително брзо – ратификацијата беше завршена за помалку од една година, што го прави процесот најбрзиот прием на една земја во поновата историја на НАТО. Финска реши да аплицира за членство во НАТО по руската инвазија на Украина на крајот на февруари минатата година.

Влегувањето на Финска во Организацијата на Северноатлантскиот сојуз значи дека членот 5 од Повелбата на НАТО важи и за Финска. Тој се однесува на колективната одбрана и вели дека „напад врз една членка на НАТО е напад врз сите“.

Доколку една од членките на НАТО се повика на тој член, а другите членки едногласно се согласат дека таа членка навистина била нападната, секоја членка презема мерки што смета дека се неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, за да се врати и одржи безбедноста“.

За време на Студената војна, овој принцип ефективно значеше дека Соединетите Држави им гарантираат безбедност на помалите членки против подметната закана на Советскиот Сојуз и неговите европски сојузници во Варшавскиот пакт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.