ФБИ во моментов врши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, откако неговиот правен тим го известил Националниот архив дека во куќата се пронајдени 12 доверливи документи, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.
Пенс моментално е на западниот брег со своето семејство откако неговата ќерка се породи, соопшти неговиот портпарол. Приватен адвокат на Пенс е во куќата во Индијана додека е во тек потрагата, додаде портпаролот.
ФБИ, исто така, се очекува да ја претресе канцеларијата на Пенс во Вашингтон во наредните денови, изјавија извори за Си-Ен-Ен.
Пенс вчера беше повикан од специјалниот советник Џек Смит, кој го истражува поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата улога во бунтот на 6 јануари 2021 година.
Претресот доаѓа откако ФБИ и Одделот за национална безбедност на Министерството за правда на САД започнаа преглед на документите и како тие завршиле во куќата на Пенс. Сè уште не е јасно со што се поврзани документите или нивното ниво на чувствителност или класификација.
Тимот на Пенс, во разговорите со Министерството за правда пред претресот, изрази подготвеност целосно да соработува. Тимот на Пенс не верува дека има доверливи документи ниту во неговиот дом ниту во неговата канцеларија, бидејќи тие самите извршиле, како што сметале, опсежен претрес, рекол извор.
Пенс претходно призна дека „се направени грешки“, и ја презеде одговорноста за доверливите документи кои завршија во неговиот дом и вети дека „целосно ќе соработува“ со секоја истрага на ФБИ. Тој рече дека пронајдените документи „веднаш“ се ставени на безбедно и оти е известен Националниот архив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.