Русија се откажа од барањето Украина да биде „денацифицирана“ и е подготвена да и дозволи да се приклучи на Европската унија доколку се откаже од настојувањето за влез во НАТО, пишува денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.
Весникот, повикувајќи се на четири лица блиски до руско-украинските преговори, наведува дека потенцијалниот договор може да значи откажување на Украина од настојувањето да се приклучи на НАТО во замена за добивање безбедносни гаранции, пренесува Би Би Си.
Претходно, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба истакна дека неговата земја „не тргува со луѓе, земја или суверенитет“, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков додаде дека разговорите досега не постигнале суштински напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.