Европската унија размислува за дополнителни санкции против Русија и релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс.
Понатамошни санкции и поддршка од ЕУ се на пат, соопшти синоќа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел преку Твитер, како реакција на настаните во Буча.
„Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува амбасадорите на ЕУ да разговараат за нова рунда антируски санкции во среда.
Новите ограничувања би можеле да бидат насочени кон поединци, но може да опфатат и забрана за руски бродови да ги користат пристаништата на ЕУ. Можни се и ограничувања на извозот и снабдувањето со енергија, пишува „Фајненшл тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.