Со заземањето на фабриката за кокс и хемиски производи во градот, руските сили официјално под своја контрола ја ставија Авдеевка, клучното стратешко утврдување на украинските сили во областа на Доњецк. Фабриката во Авдеевка е изградена со типична подготвеност за вонредни ситуации од советската ера и е опремена со бункери и подземни тунели.
Во неа има седум засолништа за случај на бомбардирање во кои можат да се сместат 2.500 луѓе, таквите бункери се опремени со генератори, гориво, вода, храна и лекови.
Со таквата конфигурација, се очекуваше дека комплексот во Авдеевка ќе стане вториот „Азовстал“ – фабриката во Мариупол каде што над 2.000 украински војници и борци на нацистичкиот баталјон „Азов“ беа заробени од руските сили во април 2022 година. Сепак, до такво нешто не дојде, а руските сили ефикасно и брзо го освоија ова упориште.
Освена како силно утврдување на украибнските сили, оваа фабрика, како и самата Авдеевка има голема стратешка вредност.
Заземањето на Авдеевка значи дека може да се спречат понатамошните напади на украинските сили врз руските градови и станбените области на Доњецк, соопшти Министерството за одбрана.
Пред војната оваа фабрика важеше за еден од најголемите производители на кокс во Европа.
Изградена е во 1963 година и порано вработуваше 4.000 луѓе. Зафаќа 340 хектари (3,4 квадратни километри), во неа има над 40 работилници и водат 84 километри железнички пруги на лице место. Има девет батерии со печки за кокс кои произведуваат 6,8 милиони тони годишно. Со таквиот капацитет, фабриката може да преработува 6,4 милиони тони суров јаглен годишно.
Фабриката за кокс и хемикалии во Авдеевка е дел од групацијата „Метинвест“, која е под контрола на украинскиот милијардер, Ринат Ахметов.
Суд во Москва, минатото лето пресуди дека имотот на руската филијала на „Метинвест“ треба да биде запленет како дел од кривичната постапка против Ахметов за финансирање на украинската војска, вклучувајќи го и баталјонот „Азов“ (терористичка организација забранета во Русија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.