Руската Државна Дума усвои два закони со кои се укинува јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права на територијата на Русија.

Ваквата одлука доаѓа откако Москва објави дека ќе го напушти тој суд поради конфликтот во Украина.

Еден од двата закони ја укинува надлежноста на Судот во Русија, а другиот го одредува 16 март како момент на разделба, па пресудите против Русија донесени по тој ден не можат да бидат спроведени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.