Европскиот Парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување на милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за Политико лица вклучени во одлуката.

 

Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 членови „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година, Комисијата деблокираше 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта.

Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези кои унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.