Европа влезе во фаза на подготовки за војна со Русија бидејќи се повеќе е вовлечена во оружениот конфликт во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио Кошут.
Унгарскиот премиер прецизираше дека секоја недела гледа сѐ повеќе знаци дека ЕУ и НАТО се подготвуваат за воена акција. Орбан посочи дека „одењето во војна не се случува во еден чекор“.
Има три фази: дискусија, подготовка и уништување. Сега ја завршуваме дискусијата и сме во фаза на подготовка. На неколку сантиметри сме од уништување – рече тој.
Зборувајќи за нуклеарното оружје, Орбан претходно рече дека европските политичари имаат тенденција да размислуваат за нуклеарната бомба најмногу како „тактичко оружје за одвраќање“, а не за нешто што треба да се користи.
Тој, меѓутоа додаде дека е што и за време на Втората светска војна, никој не помислил дека Американците ќе користат нуклеарни бомби.
Орбан рече дека го смета разговорот за нуклеарно оружје за „лош знак“.
Од изразот „мисија на НАТО во Украина“ ви се крева косата на главата – вели Орбан.
Унгарскиот премиер изјави и дека во Брисел залудно „кршат глава“ околу враќањето на задолжителниот воен рок во ЕУ, бидејќи Будимпешта нема да дозволи нејзини граѓани да бидат испратени да учествуваат во туѓа војна.
Тој нагласи дека Будимпешта се противи и на тоа одлуката за отслужувањето на воениот рок на унгарските граѓани да се носи „во Германија или Брисел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.