Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, предупреди дека околу пет милиони Украинци се очекува да ја напуштат земјата доколку продолжат офанзивните активности на руските воени сили во Украина.

Борел ја нагласи потребата Европа да се подготви за такво сценарио.

Мора да се подготвиме да примиме околу пет милиони луѓе…Мора да ги мобилизираме сите ресурси на ЕУ за да им помогнеме на земјите што ќе прифатат бегалци. Ќе ни требаат повеќе училишта, повеќе прифатни центри, повеќе од се – изјави Борел.

Тој исто така вети зголемена контрола на трошоците за помош на ЕУ во земјите кои дипломатски ја поддржуваат Русија или се воздржаа од критики кон Москва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.