Додека некои стравуваат дека дополнителните санкции против Москва би можеле да имаат негативни последици за нивните економии, други земји кои се поблиску до Русија и Украина стравуваат дека конфликтот наскоро може да се прелее и врз нив.
Германија и Италија се меѓу земјите кои се обидуваат да го блокираат воведувањето дополнителни санкции кон Русија во обид да ги заштитат сопствените економии, и покрај притисокот од Полска и балтичките земји.
Рускиот претседател вчера изјави дека западните „обиди за глобална доминација“ се при крај, наведувајќи дека повеќето земји не се за санкции против Русија, кои според него се воведени затоа што ЕУ „не сака силна и суверена Русија. ”
Европската унија сега почнува да се дели на три страни, откако Германија – со поддршка на Италија, Унгарија, Бугарија и Грција – е обвинета за „отворено блокирање“ на санкциите поради загриженоста за влијанието врз сопствената економија, пишува Дејли мејл.
Од друга страна, земјите кои се за санкции, на чело со Полска и балтичките земји, се за натамошни и посилни ограничувања против Русија и нејзините олигарси..
Дипломат на ЕУ изјави за „Тајмс“ вели:
Од ден на ден станува се појасно дека се формираат три страни: Полска и балтичките земји, познати како „санкционисти“ кои сакаат повеќе и посилни санкции; Германија, Италија, Унгарија, Бугарија кои им даваат приоритет на сопствените економски интереси .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.