ЕУ не се договори за санкции против руската нафта. Германија смета дека европскиот блок е премногу зависен од руската нафта за да донесе одлука за ембаргото.
Прашањето за ембаргото за нафта не е прашање дали го сакаме или не, туку прашање на тоа колку зависиме од нафтата – изјавила германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за новинарите, пренесува Ројтерс.
Други потенцијални санкции за кои се разговарало вклучуваат затворање на „дупките“ во фондовите што ги користат олигарсите, додавање нови имиња на списокот на санкционирани, забрана за руски бродови да впловуваат во пристаништата на ЕУ и зголемување на бројот на банки на кои ќе им биде прекинат пристапот до глобалниот систем СВИФТ, пренесува РТС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.