ЕУ ѝ се закани на Велика Британија со правна постапка откако владата на Обединетото Кралство претстави нацрт-закон со кој се предлага еднострана промена на трговскиот договор за Cеверна Ирска по Брегзит.

Со значителна загриженост ја забележуваме одлуката на владата на Обединетото Кралство да го воведе нацрт-законот – порача заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.

Тој истакна дека ЕУ нема повторно да преговара за договорот за Брегзит и дека Брисел сега ќе размисли за продолжување на суспендираната „постапка за прекршување“ против Британија, како и отворање нови правни дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.