Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија ја смета Москва за одговорна за „неоправданиот“ напад врз Украина.
Во овие темни часови, нашите мисли се со Украина и со невините жени, мажи и деца кои се соочуваат со овој, неиспровоциран напад и кои се плашат за своите животи. Ќе бараме одговорност од Кремљ – објави таа на Твитер.
Лидерите на ЕУ денеска треба да одржат итен самит во Брисел, откако вчера стапи на сила првиот пакет санкции на ЕУ против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.