На меѓународната донаторска конференција во Варшава, Европската комисија објави пакет помош од 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица.

-Денеска се собравме со јасна цел: да го поддржиме храбриот украински народ, кој се бори против агресорите и за својата слобода, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Таа, во име на Комисијата, вети 200 милиони евра помош.

На минатомесечната донаторска конференција за раселени и протерани Украинци внатре и надвор од земјата, ветената помош достигна 9,1 милијарди евра.

-Знаеме дека ќе биде потребно повеќе и ќе продолжиме да и помагаме на Украина“, додаде таа.

Околу осум милиони луѓе, од кои две третини се деца, се депортирани од Украина од почетокот на руската агресија, а повеќе од 5,3 милиони Украинци најдоа засолниште во ЕУ и соседните земји



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.