Европската комисија ќе предложи измени во програмата Заедничка земјоделска политика, која на земјоделците им нуди субвенции во замена за исполнување на целите за животната средина, по протестите на земјоделците ширум Европа, јави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Се очекува дека Европската комисија ќе даде предлози уште в петок со цел дополнително да се намали административното оптоварување на земјоделците, да се обезбеди фер конкуренција и да се зајакне нивната позиција во синџирот на снабдување со храна.Тој план ќе биде клучна тема на состанокот на лидерите на ЕУ следната недела во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.