Советот на Европската унија, кој претставува 27 земји-членки, одобри укинување на една година на царините за увоз на стоки од Украина со цел да и помогне на економијата на земјата поради руската војната операција.

Мерката, предложена од Европската комисија на 27 април, беше одобрена од Европскиот парламент на 19 мај.

Одлуката сега е потврдена и ќе стапи на сила еден ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ, се додава во соопштението на Советот.

Укинувањето на царините „ќе ја олесни трговската размена со Украина и ќе и помогне на нејзината економија – изјави на прес-конференција потпретседателот на Комисијата, Валдис Домбровскис, пренесува Хина.

Билатералната трговска размена меѓу ЕУ и Украина минатата година изнесуваше 52 милијарди евра, соопшти европското извршно тело.

Бруто домашниот производ (БДП) на Украина се очекува да падне за 35 отсто оваа година, според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена на 19-ти април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.