Европска Унија се договори со Норвешка, најголемиот западноевропски производител на гас, да го зголеми снабдувањето со цел да го надополни недостигот од гас на земјите-членки на ЕУ, од кои половина се соочуваат со прекини во испораките од Русија.
Брисел соопшти дека 12 земји-членки се соочуваат со недостиг бидејќи Русија го намали транспортот преку гасоводот „Северен поток 1“, со образложение дека има технички проблеми.
Русија претходно ја прекина испораката на гас на Полска и на Холандија, како и кон други земји кои одбија да плаќаат во рубљи.
Норвешка го зголеми производството на гас за да одговори на европскиот недостиг и очекува раст на продажбата од осум отсто на 122 милијарди кубни метри годишно.
ЕУ една петтина од потребите за гас ги снабдува од Норвешка, а од Русија, пред војната во Украина, увезуваше 40 проценти од вкупните потреби за гас.
Ваквиот договор на ЕУ со Норвешка доаѓа во време кога инвестирањето во нови наоѓалишта на гас, во Европа ги зголемува стравувањата дека војната во Украина ќе означи враќање на старото и покрај ветувањата на многу држави дека постепено ќе ги исфрлат фосилните горива и ќе се префрлат на обновливи извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.