Ерменија побара итно распоредување на мисија на Обединетите Нации за набљудување на човековите права и безбедноста во Нагорно-Карабах, во момент кога се создадени услови за испраќање помош во тоа подрачје по воспоставувањето на кревкиот прекин на огнот.
Азербејџан на 20 септември прогласи прекин на огнот откако ги принуди ерменските сили да прифатат целосно воспоставување на азербејџанска контрола во Нагорно-Карабах, ерменска етничка енклава.
Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но прогласи отцепување на почетокот на 1990-тите во текот на војната што избувна по распадот на Советскиот Сојуз.
Меѓународната заедница треба да ги преземе сите напори за итно распоредување на меѓуагенциската мисија на ОН во Нагорно-Карабах со цел следење и проценка на човековите права, хуманитарната и безбедносната состојба на терен, изјави министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан, во обраќањето на седницата на Генералното собрание на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.