Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Западот дека ги „влошува работите“ меѓу Москва и Киев.

За жал, Западњаците досега не пружија никаква помош за решавање на конфликтот. Тие само ги влошија работите, изјави турскиот претседател за Си-Ен-Ен Турк, при враќање од Киев.

Ердоган оцени дека американскиот претседател Џозеф Бајден „досега не можеше да покаже позитивен пристап во овој процес“.

Според Ердоган, само поранешната германска канцеларка Ангела Меркел „навистина би можела да има решение“.

Покрај неа, засега нема други лидери. Нема потреба да се именуваат други, додаде Ердоган.

На средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, турскиот претседател ја повтори својата понуда да посредува во украинската криза и да биде домаќин на билатералните разговори меѓу Москва и Киев во Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.