Турција и Русија може да спроведат решение што ќе овозможи приходите од туризмот да се плаќаат во локална валута, изјавил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави телевизијата „НТВ“.

Во интервју направено при враќање од самитот на НАТО, Ердоган изјавил дека би било амбициозно да се очекува значително зголемување на туризмот во Турција оваа година.

Ердоган, исто така, соопштил дека за време на самитот со францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги разговарал за можноста за купување ракетни одбранбени системи САМП-Т од француско-италијанскиот конзорциум „Евросам“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.