Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин предупредил дека Турција „нема да признае каква било мерка што ќе влијае на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Од турското претседателство соопштија дека Ердоган, на рускиот претседател му кажал и дека „воениот конфликт нема никому да му донесе ништо добро“, без да прецизираат колку долго траел разговорот меѓу двајцата лидери.

Русија во понеделникот ги призна двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, а вчера доби согласност од Парламентот да ја употреби армијата надвор од Русија во мировна мисија.

Западот и Украина стравуваат дека Русија подготвува неизбежна инвазија на оваа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.