Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во обраќање пред пратениците на неговата партија на Правдата и развојот (АК) во турскиот Парламент.

Шведска во овој момент не треба ништо ни да се обидува. Нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО сè додека тие дозволуваат палење на Куранот – рече Ердоган, пренесен од британските медиуми.

Турскиот претседател пред пет ден сугерираше дека неговата земја можеби ќе се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, два дена подоцна  даде слична изјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.