Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека и натаму се надева на можно помирување со сирискиот претседател Башар ал Асад за да се стави крај на децениската тензија меѓу двете соседни земји, јавија американските медиуми.

Говорејќи пред новинарите по неговото патување во Саудиска Арабија и Азербејџан, Ердоган порача дека нормализацијата на односите ќе помогне да се стабилизира Сирија и да се заштити нејзиниот „територијален интегритет“.

Се уште имам надеж за Асад. Се уште имам надеж дека можеме да се здружиме и да ги вратиме односите меѓу Сирија и Турција на вистинскиот пат, рече турскиот претседател.

Односите меѓу Анкара и Дамаск се затегнати од избувнувањето на сириската граѓанска војна, во 2011 година, кога Турција ги поддржа бунтовничките групи кои се обидоа да го соборат Асад, а Сирија ја обвини Турција за поттикнување нестабилност.

Турција неодамна побара помирување со Сирија за да одговори на безбедносните закани од групите поврзани со курдските милитанти долж нејзината јужна граница и да помогне да се обезбеди безбедно враќање на сириските бегалци.

Русија, која е меѓу најсилните сојузници на владата на Асад и има блиски врски со Турција, се залага двете земји да се вратат на дипломатските односи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.