Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази оптимизам во однос на договорот за извоз на украинско жито, посочувајќи дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се на иста страна кога станува збор за продолжување на тој договор.

Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море истекува во понеделник и Ердоган се надева дека ќе биде продолжен по 17 јули.

„Се подготвуваме да бидеме домаќини на претседателот Путин (кој треба да ја посети Турција во август). Путин и јас се согласуваме за продолжување на тој договор за извоз на жито преку Црното Море“, рече Ердоган.

Минатата година договорот овозможи извоз на речиси 33 милиони тони жито од украинските пристаништа на Црното Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.